Испечати

Мача торта со јагоди

Мача торта со јагоди

Состојки

  • 6 жолчки (собна температура)
  • 120г шеќер
  • 60мл зејтин
  • 60мл млеко
  • малку ванила арома
  • 90г самoрастечко брашно
  • 30г мача во прав
  • 6 белки (собна температура)
  • 1/2 лажичка сок од лимон или алкохолен оцет
  • 60г шеќер
  • 400мл слатка павалака
  • 2-3 лажици шеќер во прав
  • свежи јагоди (300-400 грама)

Подготовка

Подготовка:

1. Жолчките ги матиме со шеќерот, потоа ги додаваме маслото, млекото и ванилата и матиме со жица. Брашното и мача правот ги просејуваме и го додаваме постепено во смесата од жолчки. Мешаме убаво, да нема грутки.
2. Во посебен сад ги додаваме белките со сокот од лимон (или оцет). Матиме со помала брзина и кога смесата ќе стане пенаста, постепено го додаваме шеќерот. Добиениот снег од белки го додаваме во три дела во смесата од жолчки мешајќи нежно со шпатула.
3. Добиената смеса ја додаваме во претходно намрсени или обложени со хартија за печење садови.
Печеме на 180 степени 15-20 минути. Добиениот пандишпан оставаме да се олади.
4. Слатката павлака ја матиме со шеќерот и ванилата. Ставаме еден слој од пандишпанот на чинија за торта, потоа филуваме со слој од слатаката павлака. Одозгора редиме сецкани јаготки, потоа го ставаме вториот пандишан, врз него го истураме остатокот од слатката павлака, декорираме со сецкани јагоди.

*Забелешка: Јас тестото го поделив на две и го печев посебно во округол сад за печење од 15цм, но може и да се испече одеднаш во правоаголен сад (20х30цм) па да се исече на две.
На здравје