Испечати

Тоблероне Чизкејк

Тоблероне Чизкејк

Состојки

  • 250г мелена плазма
  • 150г стопен путер
  • 500г маскарпоне (собна температура)
  • 200г тоблероне
  • 200мл слатка павалака
  • 120г шеќер во прав
  • ванилин шеќер

Подготовка

Екстра вкусен и лесен за правење.

Подготовка

1. Мелената плазма се меша убаво со стопениот путер и се распоредува во калап. Калапот нека стои во фрижидер, додека се подготвува филот.
2. Тоблеронето со 50мл слатка павлака, го растопив на пареа. Во посебен сад го изматив кратко маскарпонето со шеќерот во прав и ванилата. Го додадов остатокот слатка павлака (150мл) и матев уште минута-две (колку да се измати слатката павлака). Потоа го додадов стопеното тоблероне, убаво измешав додека да стане еднолична смесата.

3. Вака подготвениот фил го истурив врз подготвената основа и го вратив калапот во фрижидер. Треба да отстои неколку часа во фрижидер, пред да се извади од калап (јас го оставив преку ноќ). Се декорира по желба.