Испечати

Проја со овесни снегулки

Проја со овесни снегулки

Состојки

  • 2 раце спанаќ
  • 4 јајца
  • 400мл јогурт
  • 1 пециво
  • 20 лажици овесни снегулки
  • 8лажици урда
  • 3 лажици зејтин

Подготовка

Подготовка:

1. Јајцата ги матиме убаво со маталка, па ги додаваме течностите- јогуртот и маслиновото масло. Потоа се додаваат овесните снегулки, спанаќот и пецивото.
2. Јас печев во силиконското калапче од Делимано, но ако печете во друг сад, обложете го со хартија за печење. Смесата е нежна, а и леплива, затоа препорачливо е да се стави хартија да може да се извади убаво. Префрлете ја смесата во калапот, попрскајте ја со сусам и ставете да се пече. Печете ја на 200 степени додека не порумени.
3. Кога е печена извадете ја од рерна и оставете ја да одмори, па потоа извадете ја од калапот.
Изладена, сечете ја на парчиња и служете.
Нека ви е слатко.