Соба тестенина со страчатела и сос од тиквички
Состојки
- 160гр. соба тестенина
- Сос
- 2 помали тиквички
- 2 големи чешниња лук
- 10-тина ливчиња свеж босилек
- 2 преполни лажици грана сирење
- 4 лажици сецкани ореви
- по потреба сол, црн бибер, маслиново масло
- Дополнително
- 140гр. страчатела
Подготовка
Најпрвин подгответе го сосот:
1. Исечете ги тиквичките на коцки и ставете да се пропржат на маслиново масло.
Додајте сосема малку вода и оставете на среден оган да подомекнат (кратко, да не омекнат премногу и да не бидат кашести).
2. Префрлете ги во висок сад за рачно блендирање. Додајте го лукот, босилекот, оревите, граната, сол и црн бибер. Изблендирајте со рачен блендер. Ако е многу густо додајте малку вода до посакуваната густина.
3. Ставете ја тестенината да се вари во зовриена солена вода. Оваа тестенина се вари кратко, 3 минути. Сварената тестенина исцедете ја и ставете ја во сосот. Убаво измешајте.
4. Сервирајте со страчатела и сецкани ореви.