Мафини со спекулас крема
Состојки
- 170гр. путер
- 150гр. шеќер
- 180гр. брашно
- 170гр.(околу 3) јајца
- 8 гр. пециво
- 1 лажиче мед
- 1 ванила
- 1/2 лажичка цимет
- прстофат сол
- 14 полни лажички спекулас крема
- За декорација
- по потреба спекулас крема и шеќер во прав
Подготовка
Ова е доза за 14 мафини
1. Во сад измешајте ги просеаното брашно, шеќерот, пецивото, циметот и ванилата. Додајте го растопениот и подоладен путер. Едно по едно додајте ги јајцата и мешајте со жица за матење. На крај додајте го медот и прстофат сол. Измешајте убаво.
2. Во алуминиумски калапчиња(види во дополнителни слики) ставете по една хартиена корпичка за мафини. Во секој калап ставете од смесата. На средина ставете по 1 полна лажичка од спекулас кремата. Наредете ги во плех. Печете во загреана рерна на 180 степени, 15 минути. Оставете ги мафините да се оладат.
3. Декорирајте со кремата или посипете со шеќер во прав и одозгора по малку од кремата.
Забелешка
За да кремата остане во средина на мафините ставете ја малку во замрзнувач.
Значи првин оделете од кремата по 1 лажичка за секој мафин и така ставете во замрзнувач.
Јас немав многу време и не ја ставив во замрзнувач, затоа и падна на дното.