Испечати

Јафа Куглов

Јафа Куглов

Состојки

  • 5 јајца
  • 300 гр. шеќер
  • 1 чаша млеко
  • 8 лажици масло
  • 1 лажица сок од портокал
  • 3 чаши брашно
  • 1 пециво
  • 1 ванила
  • 150 гр. мелени ореви
  • 3 лажици какао
  • 10 лажици млеко
  • 1 лажица сок од портокал
  • 1 лажица рум
  • 100 гр. чоколадо

Подготовка

Подготовка:

1. Се матат јајцата со шеќерот па се додаваат останатите состојки. Смесата се дели на 2 дела. Во едната половина се додава 3 лажици какао. Се става наизменично од двете смеси.

2. Се пече во подмачкан калап со маргарин на 170 степени околу 40 мин. Откако ќе се испечe се потура со преливот од млеко, сок од портокал и рум. За глазурата се растопува чоколадо со 2 лажици масло.

Добар апетит !