Лимон плочки
Состојки
- Основа
- 80 гр ореви
- 80 гр овесни снегулки
- 60 гр урми
- 3 лажици кокосово млеко
- 1 ½ лажица агаве сируп
- Фил
- 200 мл густо кокосово млеко
- 30 гр густин
- 4 лажици агаве сируп
- ½ лажиче куркума
- 1 поголем лимон ( неговиот сок околу 80 мл )
Подготовка
Подготовка:
Основа-
1. Урмите ги ставаме во жешка вода да стојат 20тина минути. Оревите и овесните снегулки ги ставаме во блендер, ги блендираме да се иситнат. Ги додаваме исцедените урми, кокосовото млеко и агаве сирупот. Блендираме.
2. Смесата ја ставаме во правоаголен долг калап со димензии 20х10 цм ,обложен со хартија за печење. Ја распределуваме смесата подеднакво со лажица и притискаме за да се стегне. Садот го ставаме во фрижидер.
Фил-
3. Во длабок сад на оган на средна температура, го ставаме кокосовото млеко, густинот, сокот од лимон и куркумата. Со жица за матење мешаме постојано додека смесата не се згуснe. Филот го ставаме врз основата, оставаме во фрижидер да се стегне неколку часа. Сечиме парчиња во големина по желба, послужуваме.