Испечати

Домашни ќебапчиња

Домашни ќебапчиња

Состојки

  • 500 гр Мешано мелено месо
  • 1 главица Кромид (ситно сецкан или рендан)
  • 1 Јајце
  • 1 м.л. Сол
  • пола м.л. Сода
  • 1/3 м.л. Црн бибер
  • 4 г.л. Лебни трошки
  • 2 г.л. Масло
  • 1 м.л. Вегета
  • 1 м.л. Зачин за скара

Подготовка

Подготовка:

1. Во длабок сад ги мешаме сите состојки до нивно хомогенизирање. Садот го покриваме со стреч фолија и го ставаме во фрижидер барем 1 час.

2. Потоа со намрсени дланки формираме ќебапчиња. Пржиме во загреана тава со малку масло (на не многу силен оган) или во мојот случај на тостер, каде истотака малку ја намрсуваме плочата на тостерот.

На здравје!