Испечати

Печено јарешко месо, во ароматична маринада од свежи зачини

Печено јарешко месо, во ароматична маринада од свежи зачини

Состојки

  • 1 парче јарешко месо, бутче, плешка...
  • За маринада
  • 2,3лажици масло
  • Сок од половина лимон
  • Сол, бибер, зачин
  • 3 гранчиња нане
  • 3 гранчиња рузмарин
  • 3 гранчиња магдонос
  • 3 гранчиња мајчина душичка
  • Прилог, компир млад
  • 100мл вода

Подготовка

Подготовка

1. Во чашата на нутрибулет ги ставаме сите свежи зачински билки, сол, бибер, зачин, масло и лимонов сок. Смесата ја соединуваме неколку секунди.
2. Измиеното парче месо убаво, со четка, го премачкуваме од двете страни со маринадата и го оставаме во фрижидер 2,3 часа. Потоа го ставаме во пекач, додаваме сецкани компири и само 100 мл вода. Печиме на тивко, на 170 степени, 2, 3 часа.

Сервираме топло и уживаме во вкусно, сочно испечено јарешко месо.
На ист начин може да се испечи и јагнешко месо.