Испечати

Запечено сирење во грнени садови на мој начин

Запечено сирење во грнени садови на мој начин

Состојки

  • 2 црвени домати
  • 6 парчиња мешано сирење
  • 250мл бешамел сос
  • 200гр рендан мешан кашкавал

Подготовка

Ова се состојки за 2 грниња.

Подготовка:

1. На дното на грненцата ставаме кругови црвен домат. Врз нив ги ставаме парчињата мешано сирење.
Јас бешамелот си го подготвувам на мој начин со млеко и јогурт, како што сум пишувала многу пати овде.
2. Врз белото сирење ставаме од бешамел сосот. Врз нив го нанесуваме ренданиот кашкавал.
Вака подготвени ги гратинираме во загреана релна околу 25 минути.
3. Сервираме жешки, па и многу набрзина сликаме и дегустираме.
Во едното грненце додадов и сецкана лута пиперка.