Цветови од краставица и ротквици, со намаз
Состојки
- 1 подебела краставица
- 4-5 ротквици
- Намаз
- 2лажици младо сирење
- 1лажица тостиран сусам
- Триена сол, бибер, сол
Подготовка
1. Со помош на алатка, внимателно ги сечеме на танки листови краставицата и ротквиците.
Ги поставуваме на чиста кујнска крпа да се исцедат од течноста.
2. Во сад ги соединуваме состојките за намазот.
3. Сега земаме една лента краставица, ја премачкуваме со намаз.
Ставаме по 3,4 ливчиња ротквици, кои се поставуваат половина врз краставица, а половина да бидат надвор. Заролуваме.
Ги сервираме и дегустираме.