Испечати

Кифли ежиња со компирови снегулки

Кифли ежиња со компирови снегулки

Состојки

  • 30гр свеж квасец
  • 1лажиче шеќер
  • 1лажиче сол
  • 1 жолчка
  • 180мл топло млеко
  • 50гр растопен путер
  • 60мл кисела вода
  • 2лажици компирови снегулки
  • Брашно. По потреба
  • зрна бибер
  • 1 јајце за премачкување

Подготовка

Подготовка:

1. Во топло млеко ставаме шеќер, квасец и едно лажиче брашно. Оставаме да се активира, па додаваме сол, путер, жолчка, кисела вода, снегулки и промешуваме.
2. Сега со месење постепено го додаваме брашното. Ќе додбиеме нелепливо тесто. Го оставаме да се дуплира
3. Потоа од тестото земаме мали топчиња кои со рака ги формираме во долгнавеста форма. Со стерилизирани ножички ги засекуваме. Со зрна од бибер правиме очи. Ги премачкуваме со јајце
Ги печеме во загреана рерна да заруменат.
Сервираме топли