Крекери со афион и крем сирење
Состојки
- за крекери
- 250гр брашно
- 50гр интегрално брашно,1/2лажиче пециво
- 120гр путер
- 150гр свежа урда
- 1лажиче сол,1 лажица афион,2жолчки
- 2 белки за премачкување
- намаз
- 400гр крем сирење
- 200гр урда
- по желба зачини...бибер, буковец, оригано....
- декорација
- ,ротквици,магдонос
Подготовка
Подготовка:
1. Во вангличка ги ставаме сите состојки за тесто. Замесуваме мазно и нелепливо тесто, кое го виткаме во фолија и го оставаме во фрижидер 30минути.
2. Потоа сучиме кора и вадиме мали форми. Ги редиме во плех и ги премачкуваме со белка. Ги печеме во загреана рерна околу 20 минути.
3. Сега ги соединуваме крем сирот со урдата и зачините. Со шприц или лажиче нанесуваме од намазот.
Декорираме по желба, со магдонос, ротквица. Нека отстојат 30 минути во фрижидер пред да се послужат.