Испечати

Куглов со брусница

Куглов со брусница

Состојки

  • 5 јајца
  • 10 лажици шеќер
  • 100 мл масло
  • 150 мл млеко
  • 1 пециво
  • 2 ванилин шеќр
  • 1 лажица какао
  • 14 лажици брашно
  • 50 гр брусница

Подготовка

1. Во сад за матење ги кршиме јајцата и го додаваме шеќерот. Матиме со миксер. Со лажица го додаваме брашното помешано со пециво, масло, млеко, ванилин шеќер и мешаме со лажица додека состојките се изедначат.

2. Во намастен и набрашнет калап за куглов, ја ставаме половина од смесата. Во другата половина додаваме какао и мешаме. Заедно со брусницата го додаваме првиот слој. Печеме 20 мин, на 180 с.

Лесен и преубав десерт.