Празнични бомбици, без шеќер
Состојки
- 80гр путер
- 1лажица млеко
- 70гр црно чоколадо
- 80гр мелени ореви
- 80гр мелени бисквити
- 50гр суви сливи
- 1-2,лажиче рум
- Декорација
- 100гр црно чоколадо
- 2лажици масло
- Шарени трошки
Подготовка
1. Во нутрибулет ги ставаме сувите сливи, румот и соединуваме.
2. Во сад на многу тивок оган ги ставаме да се соединат путерот, чоколадото, млекото. Тргаме од оган, па додаваме мелени сливи со рум, мелен орев и мелени бисквити. Убаво ја соединуваме смесата
3. Ја оставаме во фрижидер да се излади. Потоа формираме бомбици. Ја подготвуваме глазурата и ги прелеваме бомбиците. Ги декорираме по вкус со трошки чоколадо... Ги сервираме во хартиени кошнички.
Ги послужуваме.