Паста од фстаци
Состојки
- 120гр излупени фстаци или 300гр со лушпа
- 140гр шеќер во прав
- 1/4лажиче сол
- 40-60мл вода
- 60мл масло, сончогледово
Подготовка
Дефинитивно вреди да се испроба овој рецепт, особено ако сте љубител на фстаци. Ако сакате здрави и брзи намази, како и фстаци, ова е рецептот за вас. Може да се користи за палачинки, торти, кремови.... Превкусно :)
1. Загрејте вода на шпоретот и оставете да зоврие.
Кога ќе зоврие водата, ставете ги ф’стаците и оставете ги да стојат 10-тина минути. Извадете ги ф’стаците од водата и извадете ја темната кожа, ставете ги на памучна крпа и исушете ги.
2. Ставете ги во процесор и мешајте постојано 5 - 8 минути додека не стане сјајна и компактна смесата, Додадете шеќер во прав и сол. Мешајте ја смесата континуирано уште 2-3 минути. Додадете масло и мешајте непрекинато уште 3-4 минути. Додадете малку вода неколку пати, не цела оддеднаш, и соединувајте за да добиете кремаста паста 2-3 минути. Кога смесата ќе се соедини веќе префрлете ја во стерилизирана тегла.
Водата додадете ја постепено, се во зависност од тоа дали сакате густа или потечна паста.