Кременадли во сос и гратинирани компири
Состојки
- За кременадлите
- 4 кременадли
- 1 лажиче лук во прав
- 1 главица кромид
- 1 морков
- 2 лажичиња нишесте
- Компири
- 6-7 компири
- 1/2 парче праз
- 50 гр путер
- 2 лажици брашно
- 400 мл млеко
- 150 гр рендан кашкавал
- 150 гр рендан кашкавал (за горе)
Подготовка
Подготовка
Кременадлите зачинете ги, завиткајте ги во најлонска фолија и оставете ги во фрижидер два-три часа. Во тава загрејте масло и пропржете ги кременадлите по две-три минути од страна. наредете ги во тава во која ќе ги печете, ставете го одозгора и маслото во кое ги пржевте, ситно исечканиот кромид и морков и прелијте ги со пивото. Печете прекриено со фолија отприлика 1 час.
На крајот, извадете ги кременадлите од тавата, сосот изблендирајте го, растворете го нишестето во малку вода и ставете го во сосот. Вратете ја тавата назад в рерна да се згусти.
За компирите
На путер испржете го брашното, додајте го млекото и зачините и сварете бешамел сос. Додајте го кашкавалот. Компирите излупете ги и исечете ги на на крукчиња. Наредете ги исправено во ѓувеч тава и прелијте ги со бешамелот. Прекријте ја тавата со фолија и печете четириесетина минути. Извадете ја фолијата прекријте ги компирите со ренданиот кашкавал и вратете ја тавата да се допече.