Испечати

Суви колачиња

Суви колачиња

Состојки

  • 250гр шеќер
  • 250гр брашно
  • 200 гр чоколада
  • 150гр путер
  • 100гр какао
  • 2 јајца
  • 1/2 паковка пециво

Подготовка

Уште едни убави колачиња.
1. Растопете го путерот па додајте ги јајцата. Сите суви состојки ги соединуваме па ги додаваме во расопениот путер.

2. Чоколадата пола изрендајте ја, а пола на коцки, додајте ја и месете со рака. Со лажица земете и оформете топче.

3. Сплескајте и ставајте на хартија. Нека има растојание. Бојата на колачите е во зависност од тоа каква чоколада користите.

Колачињата се превкусни, нека ви се на здравје.