Испечати

Пржени Панга Филети (со гарнир од пекарски компир)

Пржени Панга Филети (со гарнир од пекарски компир)

Состојки

  • 3 парчиња Панга филети
  • 3 г.л. Бело брашно
  • 3 г.л. Пченкарно брашно
  • по вкус сол, црн пипер
  • За пекарскиот компир
  • 1 кг Компири
  • зачини мешан сув зачин, сол, црн бибер, црвен пипер..
  • неколку лажици Масло

Подготовка

1. Рибата се сече по желба, се одмрзнува, се посолува и се валка во брашното (измешани двата вида брашно). На загреан зејтин убаво се пржи од двете страни и се вади врз хартиена салфетка да се впие вишокот на мрснотија.

2. Пекарскиот компир го подготвив по следниот рецепт https://moirecepti.mk/post/пекарски-компир

На здравје!