Велигденски колач
Состојки
- 380 гр брашно
- 1 пециво
- 1/2 лажиче сода бикарбона
- прстофат сол
- 100 гр шеќер
- 3 ванила
- 360 мл јогурт
- 180 мл масло
- 3 јајца
- сок од 1 портокал
- аранчини од портокал
- 100 гр сува брусница
- 50 гр суво грозје
- 50 гр сечкани ореви
- Глазура
- 50 гр чоколадо
- 1 лажица масло
- бисквити мелени
- фигури од фондан
Подготовка
1. Се ставаат јајца заедно со шеќер и ванила да се матат со миксер. Потоа постепено се додаваат масло, јогурт, сода и солт. На крајот се додаваат сок од портокал, аранчини, брусница, ореви и суво грозје.
2. Се пече во загреана рерна на 180С, 35мин и се исклучува рерната. Се остава внатре колачот-кугловот да се допече во исклучена рерна.
3. Се прави глазурата, се прелива колачот и одозгора се ставаат дробени чоколадни бисквити да изгледа како земја каде се посадени морковчињата. Се украсува со фигури од фондан. Фонданот е правен по рецепт кој го имам претходно објавувано, но само половина доза.
Христос Воскресе -Навистина Воскресе за многу години !!!