Велигденски гнезда
Состојки
- 3 компири
- 2лаж путер
- 1 јајце
- малку пармезан
- буковец 1 лажиче
- прстофат сол
- малку бибер
- млеко по потреба
Подготовка
1. Ги вариме компирите и ги гмечиме како пире, додаваме јајце, пармезан, путер, буковец, сол, бибер и млеко по потреба.
2. Смесата ја ставаме во готварски шприц и формираме гнезда.
3. Печеме на пекарска хартија околу 15мин. Потоа ги филуваме со фил по желба, јас ставив сирење, шунка и павлака. Врз филот ги редиме сварените јајца, претходно исфарбани или декорирани.