Велигденски кифли
Состојки
- 250 мл топло млеко
- 250 мл топла вода
- 1 свеж квасец
- 1 лажица шеќер
- 1 лажица брашно
- 100 мл масло
- 1 лажица сол
- 800 гр брашно
- 1 јајце за премачкување
Подготовка
1. Млекото и водата заедно се мешаат. Во нив се додава квасец, лажица шеќер и лажица брашно и се остава да стои 10мин.
2. Кога ќе надојде квасецот се додава масло и сол и се почнува со додавање постепено на брашното и се меси 10мин ,за да се добие мазно тесто. Се остава пак да стасува тестото и потоа се кинат топчиња и се обликуваат разни форми. Се редат во плех и се премачкуваат со јајце и поросуваат со сусам.Се печат на 200С-25мин. Наздравје!!!