Пиварки
Состојки
- 200 мл пиво
- 300 гр брашно
- 100 мл масло
- 1 прашок за пециво
- 150 гр пценкарен гриз
- 600 мл шеќер
- 450 мл вода
- 100 гр кокос
Подготовка
1. Во подлабок сад се става брашно помешано со пециво, пиво, масло и гриз, и се замесува средно тесто.
2. На набрашнета работна маса, со сукало се сучи кора, од која со чаша се вадат тркалезни форми. Се редат во намрсен плех, и се печат на 200 с, околу 15-20 мин. додека не заруменат.
3. Во тенџере на оган се зоврива водата со шеќерот. Изладените пиварки се потопуваат во топлиот шербет. Секое се прпелка во кокос.
Прекрасни ситни колачи кои се топат во уста и за момент се изедени.