Колач со шумско овошје и какао крема (посно)
Состојки
- Бисквит тесто
- 1+1/4 чаша(од 200мл) брашно
- 1/2 лажица какао
- 1/3 лажица пециво
- 2/3 чаша шеќер
- 2/3чаша газирана вода
- 3 лажици масло
- Какао крема
- 375мл. млеко од соја и ориз
- 4 лажици кафеав шеќер
- 70гр компиров скроб
- 3 лажички какао
- 1мл. екстракт од рум
- Овошен дел
- 200гр. замрзнато шумско овошје
- 2 лажици кафеав шеќер
Подготовка
Бисквит тесто:
1. Во сад измешајте брашно, пециво и какао. Додадете шеќер, газирана вода и масло. Измешајте убаво со жица за матење.
2. Истурете ја смесата во округол калап (26см), премачкан со масло и набрашнет. Печете на 180 степени, 15 минути.
Какао крема:
1. Измешајте скроб, какао и шеќер со малку млеко.
2. Остатокот од млеко малку загрејте го па додадете ја растворената смеса од густин, шеќер и какао. Мешајте со жица додека кремата се згусти. Оставете да се олади па додадете рум екстракт.
Овошен дел:
1. Во мал, нелеплив сад на оган ставете замрзнато шумско овошје и шеќер. Мешајте на тивко додека се згусне.
2. Во чинија за сервирање ставете го бисквит тестото и премачкајте со овошниот дел(сеуште топол). Кремата ставете ја во шприц и нанесете ја врз овошниот дел.
Украсете по желба.