Печени крофни
Состојки
- 500 гр брашно
- 1 јајце
- 250 мл млеко
- 50 гр путер
- 50 гр шеќер
- 1/2 свеж квасец
Подготовка
1. Растворете квасец во топлото млеко, додајте малку шеќер и брашно и оставете го десетина минути да се активира.
2. Брашното измешајте го со шеќер и кора од лимон. Додајте од квасецот и почнете да месите. Постепено додајте го и путерот и продолжете со месење. Убаво, убаво измесете го. Оставете го на топло еден час.
3. Од тестото кинете топчиња отприлика 60-70 грама. Заоблете ги убаво и наредете ги во плехот во кој ќе ги печете. Покријте ги со најлонска фолија и оставете ги еден час да се дуплираат. Пред печење премачкајте ги со јајце.
4. Печете на 180 степени додека не заруменат. Посипете ги со шеќер во прав измешан со ванила.