Басмати ориз на мој начин
Состојки
- 125 гр басмати ориз во ќеса
- 200 гр мелено месо
- 4 млади кромитчиња
- грст беби спанаќ
- зачини - мешан сув зачин, црн бибер со лук во прав, италијански зачин
- 200 мл готов бешамел
Подготовка
1. Сварете го оризот во ќесичката, спрема упатството, во зовриена вода со сол 15 мин. Оставете го да се цеди.
2. Во поголема тава ставете го младиот кромид исечкан заедно со меленото месо и пржете додека се зготви месото.
3. Потоа додадете го оризот, беби спанаќот (може и да го кинете ако сакате зависно колку е голем) и зачините.
4. Откако убаво се ќе се соедини, на крај додадете го бешамелот. Кратко запржете додека исто така и тој се соедини и сервирајте веднаш додека е топло.