Закуска со риба од конзерва
Состојки
- 1 Конзерва риба
- 2 Јајца
- 2 рибанки Леб
- 100 гр Мајонез
- 1 Краставица
Подготовка
Ова закуска ке биде убав украс за вашата велигденска трпеза
1. Сварете ги јајцата.
2. Исечете долгнавести парчиња леб, ставете ги на тостер да се испечат.
3. Варените јајца изрендајте ги на ситно ренде, посолете, додајте мајонез и промешајте.
4. Краставицата исечете ја со лупалка за компири во должина. Врз печениот леб, намачкајте од намазот со јајце, ставете едно парче риба, врз рибата ставете краставица, навлечена на чечкалица.
Добар апетит!