Испечати

Палачинки со урда и овесни снегулки, без брашно

Палачинки со урда и овесни снегулки, без брашно

Состојки

  • 3 лажици Овесни снегулки
  • 1 Јајце
  • 100 гр Несолена урда
  • 1 Засладувач

Подготовка

Здрав и вкусен појадок! Оваа доза е за една порција.

1. Со врела вода попарете ги овесните снегулки, само да ги покрие. Оставете да отстојат 5 минути.
2. Додајте јајце, урда и засладувач. Пржете во тавче со малку зејтин
Сервирајте со малини или јагоди по желба!
Добар апетит!