Пилешки ролати со печурки и морков во доматен сос
Состојки
- 1 кг Пилешки стек
- 300 гр Шампињони
- 2 Моркови
- 2 Кромид
- 500 мл Доматен сос
Подготовка
1. Пилешкиот стек исечете го на парчиња по должина. Со помош на чекан за месо исчукајте ги стекчињата. Посолете, додајте црн пипер и зачини. Оставете во фрижидер.
2. Во меѓувреме исечете кромид на полутркалца и ставете да се пржи. Изрендајте морков на крупно. Додајте го во кромидот.
3. Исецкајте печурки, додајте ги во останатиот зеленчук, посолете, додајте зачини и пржете се заедно.
4. Во стековите ставете од филот и завиткајте ги како ролат. Наредете ги во тепсија, ставете малку вода и зејтин. Ставете да се печат во загреана рерна на 250 степени.
5. Кога ќе се потпечат пилешките ролати, врз нив истурете доматен сос и печете уште 10минути.
Сервирајте ги во чинија, со прилог по желба.
Добар апетит!