Испечати

Лимон колач

Лимон колач

Состојки

  • 3 јајца
  • 170 гр шеќер
  • 1 ванила
  • 1 пециво
  • 140 гр јогурт
  • 110 мл масло
  • 1 цел лимон (кора и сок)
  • 230 гр брашно
  • Глазура со чоколадо
  • 100 гр бело чоколадо
  • 3 лажици масло
  • Бела глазура
  • 150 гр шеќер во прав
  • 4 лажици сок од лимон

Подготовка

1. Се матат јајцата заедно со шеќерот. Постепено се додава ванила, јогурт, масло, брашно и пециво. Сето време се мати со миксер. На крајот се додава лимонот(сок и кора).

2. Се излива смесата во набрашнет калап и се пече на 180С - 30 до 40мин. Кога ќе олади се вади од калапот и се става глазура. Може да се стави глазура и од 150гр шеќер во прав и 4 лажици сок од лимон.