Сусам топчиња со кикиритки (посно)
Состојки
- 250 гр маргарин
- 100 гр мелени кикиритки
- 100 мл пиво (плус 100на мл за макање)
- 1 лажиче сол
- 1 пакетче прашок за печење
- 0,5 кг брашно
- 100 гр сусам за валкање
- 100-150 гр цели кикиритки
Подготовка
1. Се мати маргаринот со миксер и му се додаваат мелените кикиритки.
2. Се додаваат и останатите состојки и со рака се замесува глатко нелепливо тесто.
3. Од тестото се вадат парчиња со тежина од околу 11 гр.
4. Во секое парче се става по една цела кикиритка и се витка во топче.
5. Оформените топчиња се макаат во пиво, па во сусам.
6. Се печат во загреана рерна на 200С околу половина час, односно додека не поруменат.