Испечати

Кифлички со шунка и путер

Кифлички со шунка и путер

Состојки

  • 20гр свеж квасец
  • 1лажиче сол
  • 1лажиче шеќер
  • 50мл масло
  • 30гр путер
  • 130мл топло млеко
  • 1/2 јајце
  • Околу 300гр брашно
  • Шунка,сецкана за полнење
  • 40 гр путер за премачкување на плехот
  • 1/2јајце,сусам,чурек за одозгора

Подготовка

Ниеден празник не може да помине без подготовка на домашни кифли, па еве денес, предлог од мене за меки, вкусни кифли со шунка.
Јас сакам да имам на трпезата разноврсни, па затоа спремав различни сорти.
Од оваа доза излегуваат 16 кифли. Ако ви требаат повеќе кифлички само дуплирајте ги состојките.

1. Во топлото млеко го ставаме квасецот, шеќерот и лажиче брашно. Промешуваме и оставаме на страна. Од кога е активиран во вангличка ги ставаме сите состојки за тесто. Замесуваме средно меко тесто. Го покриваме и оставаме да се дуплира. Потоа го делиме на два дела.

2. Од секој дел расукуваме мали кори, кои ги премачкуваме со растопен путер. Сечеме на триаголник. На секој триаголник ставаме сецкана шунка, и виткаме кифли.

3. Ги редиме во плех, кој е убаво намачкан со путер. Ги премачкуваме со јајце, наросуваме сусам и чурек. Киснат 20 минути, а потоа ги печеме во загреана рерна околу 25 мин.

Сервираме топли