Посна торта со кокос
Состојки
- 5филџани минерална вода
- 2филџани зејтин
- 1 пециво
- 100гр кокос
- 4филџани шеќер
- 6филџани брашно
- 2лажици какао
Подготовка
Во поголем сад се мешаат шеќерот, водата, зејтинот, брашното и пецивото додека се добие еднолична смеса. На крај се додава и кокосот и смесата се дели на два дела. Првиот дел останува бел а во вториот се додава какаото.Во подмачкан плех се истура смесата со какао и се става да се пече.Одкако ќе се испече се ваѓа од рерна и се премачкува со мармалад по желба. Над мармаладот се истура втората смеса се израмнува и се враќа во рерна да се допече.