Суви ароматични кекси со рогач и интегрално брашно
Состојки
- 1 јајце
- 1 лажица мед или 2 лажици маџун,
- 1-2лажица кафен шеќер
- 1 ванила
- 1 лажиче полно какао
- 4 лажици рогач
- 60гр растопен путер
- 8 полни лажици пченично интегрално брашно
- 1 1 лажиче мешавина на зачини за медењаци, или по ¼ лажиче цимет, морско оревче, махлеб, каранфилче, кардамом
- 1 лажиче пециво
Подготовка
Подготовка:
1. Во една вангличка ги ставме јајцето, медот, (шеќерот не е задолжителен) и матиме со миксер колку да се соединат. Го додаваме растопениот и изладен путер,
2. Промешуваме, па ги додаваме ванилата, ароматичните зачини, просеаното какао, рогачот, пециво, и брашното. Замесуваме нелепливо тесто.
3. Го расукуваме на малку набрашнета површина, со модла вадиме форми и ги редиме во плех.
Ги печeме на 180 с, околу 10-14 минути, внимателно, да не ни изгорат, поради малку потемната боја.
Ги оставаме да се изладат, па ги собираме во лимена кутија, каде можат долго време да стојат.