Здрави рафаело бомбици
Состојки
- 1 зрела банана
- 1 лажица мед
- 15 лажици кокос
- 10 лажици овесно брашно
- 10 лешници
Подготовка
Познатите рафаело бомбици кои потекнуваат од италијанска компанија, во моја здрава варијанта.
1. Бананата ја ставаме во длабок сад и ја пасираме. Ги додаваме кокосот, медот и овесното брашно, мешаме.
2. Од смесата формираме бомбици и на средина од секое топче ставаме лешник. Секоја бомбица ја валкаме во кокос. Од оваа смеса јас направив 10 бомбици со средна големина.