Испечати

Паста со ајварски сос(посно)

Паста со ајварски сос(посно)

Состојки

  • 1/4 шпагети
  • 500мл. вода, малку сол
  • за сос
  • 3 лажици ајвар
  • 1лажица сенф(естрагон)
  • 1лажица посен мајонез томи
  • 1парче сечкан млад кромид, малку кари

Подготовка

Порцијата со шпагети настана сосема случајно,како резултат од потрага по нови посни рецепти.Одлична промена за мој вкус како голем љубител на тестенини.
1.Шпагетите ги варам вообичаено во зовриена вода во која додавам сол, секогаш варени ал денте (непреварени). Се тргаат на страна и се цедат.
2.Во меѓувреме се сечка кромидот. Во мал сад настрана се мешаат состојките за сос до нивно изедначување.
3.Над шпагетите се става сосот, се додава најгоре младиот сечкан кромид.
За кратко време подготвена ми е вкусна посна порција со тестенини.