Мини пециво со полнење од мечкин лук (посно)
Состојки
- Тесто
- 120мл. масло
- 250мл. млака вода
- 1 лажица шеќер
- 1/2 лажица сол
- 20гр. свеж квасец
- околу 500-600гр. брашно
- За премачкување
- 1 филџан(од 75мл) вода
- 1 лажичка брашно
- 1 лажица масло
- малку сол
- Полнење
- по потреба мечкин лук
- по потреба маслиново масло
Подготовка
Сега е период кога може да се најде мечкин лук и да се искористи колку што се може повеќе.
Незаменлив за прочистување на организмот.
Јас направив најпрвин нешто како песто, само од мечкин лук, маслиново масло и малку сол.
Значи по потреба се става во блендер измиениот и исушен мечкин лук , малку маслиново масло и сол.
Се блендира со постепено додавање на маслиново масло по потреба, додека се добие посакуваната текстура.
Вака спреманото песто го искористив за полнење на пецивото.
Тесто
Се става квасецот во помал сад и се додава малку од водата, шеќерот и малку од брашното.
Оставете да стаса.
Во поголем сад ставете ја водата, маслото , солта, стасаниот квасец и со постепено додавање на брашното се замесува меко тесто.
Од замесеното тесто се прават мали топчиња.
Секое топче малку се расукува и во средината се става од полнењето.
Убаво се затвараат и се редат во плех.
Се премачкуваат од смесата за премачкување и се наросуваат со сусам.
Додека се загрева рерната се оставаат покриени да стасаат.
Се печат на 200 степени додека заруменат.
Се вадат и се покриваат со подебела крпа.