Полнети домати со урда (стар рецепт)
Состојки
- 13-15 црвени(сливар) домати, околу 1 кгр
- 400-450гр солена урда
- 80гр потпечен сусам
- 2-3лажици кисела павлака
- 1/2лажиче сол
- 1/2лажиче бибер
- 1лажиче маслиново масло
- чурек, магдонос, по желба може да се додаде ситно сецкана лута пиперка, толчени ореви, лукче...
Подготовка
Подготовка:
1. Прво на измиените домати им го отстрануваме делот кај дршката, односно рамно го сечиме.
Со помош на алатка или лажиче им ја отстрануваме срцевината.
2. На чиста кујнска крпа ги редиме со пресечениот дел надолу, односно да се исцеди вишокот на течност што ја содржат доматите.
3. Во еден сад ги соединуваме урдата, маслото, солта, биберот, сусамот и киселата павлака.
Со оваа смеса убаво го полниме секој домат.
4. Во еден мал сад ставаме црн ким и секое доматче по малку го декорираме со него. Завршуваме со ливчиња магдонос.
Ги сервираме доматите во друштво со неколку вида убаво сирење, кашкавал и секако добар аперитив.
* Овој рецепт е дел од изгубените рецепти.