Испечати

Мафини со капини (стар рецепт)

Мафини со капини (стар рецепт)

Состојки

  • 1 јајце
  • 1 ванила
  • 2,3 лажици шеќер
  • 70 мл масло
  • 100 мл јогурт
  • 100 гр кисела павлака
  • 1 лажиче пециво
  • 4-5 лажици брашно
  • 1 грст капини

Подготовка

Подготовка:

1. Во вангла ставаме јајце, додаваме шеќер и матиме до побелување.

2. Со исклучен миксер додаваме ванила, јогурт, масло, кисела павлака, просеано брашно и пециво. Со жица или со миксер, на најмала брзина ги соединуваме сите состојки.

3. Ги полниме корпите за мафини до 2/3. Врз секоја ставаме по 1 лажиче свежи капини. Печеме во загреана рерна.

* Овој рецепт е дел од изгубените рецепти.