Испечати

Мафини со мак, лимон кора и брусница (стар рецепт)

Мафини со мак, лимон кора и брусница (стар рецепт)

Состојки

  • 150гр брашно
  • 1лажиче пециво
  • 40гр брусница
  • Кора од 1 лимон
  • 70мл сок од портокал
  • 60гр шеќер
  • 30гр густин
  • 40гр мак
  • 70гр растопен путер
  • 50мл масло
  • 2 јајца
  • 1 ванила

Подготовка

Подготовка:

1. Во сад ги соединуваме сите суви состојки, брашно, пециво, мак, рендана кора од лимон, брусница, некое зрно сол. Промешуваме и оставаме на страна. Во друг сад ги ставаме јајцата и шеќерот и матиме се додека смесата не побели. Потоа ги соединуваме сувите и водените состојки.
2. Смесата ја распоредуваме во калап за мафини. Печеме околу 25 минути. Декорираме со растопено чоколадо и ливчиња бадем.

* Овој рецепт е дел од изгубените рецепти. Ова е начин за нивно повторно враќање на страницата.