Испечати

Канапеи со туна

Канапеи со туна

Состојки

  • 4 парчиња тост леб
  • 185гр туна од конзерва
  • 2 варени јајца
  • 1лажица мајонез
  • 1лажиче сенф
  • 1 краставица, сечена на ленти
  • Сок од лимон, бибер Рукола.

Подготовка

Подготовка:

1. Прво со помош на обрач го формираме тостираниот или запечен леб. Потоа во внатрешноста на калапот ставаме листови свежа краставица.
2. Во еден сад ги соединуваме исцедената туна од масло, варените сецкани јајца, мајонезот, сенфот, лимоновиот сок, бибер.  Убаво промешуваме и го полниме калапот со смесата.
Декорираме по желба и послужуваме.