Велигденска плетенка со вкус на портокал и сува брусница
Состојки
- 30гр свеж квасец
- 1 јајце
- 1 жолчка
- 50гр растопен путер
- 2-3лажици шеќер
- 1лажиче шеќер со вкус на портокал
- по желба кора од портокал
- 180мл млеко
- 350-380гр брашно
- 1/2лажиче махлеб
- 100гр сува брусница
- 1 белка за премачкување
Подготовка
Подготовка:
1. Во топло млеко ставаме половина количина на шеќер, додаваме квасец, едно лажиче брашно и промешуваме. Оставаме да се активира.
2. Во еден сад, благо со вилушка, соединуваме цело јајце и жолчка. Ги соединуваме во ванглa, стасаниот квасец, јајцата, останатиот шеќер, растопениот путер, ароматичниот шеќер од портокал и махлебот.
3. Убаво соединуваме и постепено го додаваме брашното. Замесуваме да биде средно меко. Го покриваме тестото и го оставаме да се дуплира. Потоа без размесување го делиме на 4 дела.
4. На работната маса ја ставаме брусницата и нежно ја залепуваме на лентите тесто. Правиме плетенка, како на сликата со 4 ленти. Ја ставаме во калап за леб, во кој претходно сме ставиле хартија за печење. Ја премачкуваме со изматена белка, и ја оставаме да кисне околу 20-25 минути.
5. Потоа ја печеме во загреана рерна на 180-200 с, околу 30 минути. Ја вадиме на решетка да се излади, па ја сечеме на парчиња.
Послужуваме.