Веганска паштета од авокадо
Состојки
- 1цело авокадо
- 1лажица сенф-естрагон
- 3 парченца лук
- 1/8 лажичка копар
- 1/8 лажичка сол,малку црн бибер
- 1малa шолја вода
Подготовка
Неодамна го открив и го комбинирам во секакви посни рецепти. Многу брзо се подготвува, здраво е и вкусно. Конзистенцијата е прилагодлива според вкусови и потреби.
1. Авокадото се сече на половина,со лажичка се длаби внатрешноста и се става во чашка од нутрибулет. Се додава сè останато, се гмечи со вилушка, се става и вода и се миксира за кратко. Се создава густа смеса која во зависно за што ја користите, може да се додава уште малку вода.