Прилог од спанаќ
Состојки
- 0,5 кг спанаќ
- 3-4 лажици масло
- 1 лажица брашно
- 3-4 чешниња лук
- 4 лажици кисела павлака
- 1 лажиче мешан сув зачин
- малку црн бибер
Подготовка
1. Спанаќот се обарува 5 мин во солена вода, се цеди и се сечка ситно.
2. Се запржува брашното во маслото и ситно сечканите лукчиња .
3. Во тоа се додава исечканиот спанаќ и откако ќе се запржи се додава павлака и зачини.
4. Се допржува до саканата густина и се служи топло како прилог со месо.