Испечати

Авокадо паста салата

Авокадо паста салата

Состојки

  • 300гр ситна тестенина, вода и сол за варење
  • 1 зрело авокадо
  • 1 лута сецкана пиперка
  • 1 рака грашок
  • 1 раак сецкан магдонос
  • сол и бибер по вкус
  • прелив
  • 200гр Кисела павлка за спојување
  • 2лажици маслиново масло
  • сок од еден лимон, хималајска сол, малку сенф,малку мексикански прелив.

Подготовка

Брзо се спрема и може да замени и оброк.
Прво во тенџере налеваме вода, ја додаваме тестенината да се вари и тука го додаваме грашокот.
Сварени заедно, ги процедуваме и оставаме да се изладат. Во еден сад го соединуваме да се соединат состојките за прелив.
Во голем сад ги ставаме тестенините, преливот, краставицата, авокадото, пиперката.
По вкус може да се додаде и една мала главичка црвен кромид.
Сето убаво го соединуваме и чуваме во фрижидер 30 минути, па послужуваме