Испечати

Проја со фета сирење

Проја со фета сирење

Состојки

  • 4 јајца
  • 200гр кукурузно брашно
  • 100гр гриз
  • 200мл јогурт
  • 150мл млеко
  • 100мл масло
  • 1лажиче сол
  • 1 пециво
  • 250гр фета сирење
  • 2-3лажици кисела павлака
  • ленено семе

Подготовка

Подготовка:

1. Во вангла ставаме јајца и сол и матиме со миксер.
2. Со исклучен миксер додаваме масло, јогурт, млеко.
3. Внимателно додаваме гриз, брашно, пециво и издробена фета. Соединуваме убаво
4. Печеме во намастена тепсија околу 45 м на 180 с.
5. Пред сам крај ја вадиме пројата од рерна, премачкуваме со кисела павлака, посипуваме ленено семе и ја враќаме во рерна уште 2-3 минути.
6. Изладена ја сечеме на коцки и сервираме.