Шпагети со павлака, печурки и марулка
Состојки
- 250 гр. шпагети
- 200 мл. павлака за готвење
- 300 гр. маринирани шампињони
- 1 лажица путер
- 1 лист марулка
- по потреба сол, кари, пармезан
Подготовка
1. Шпагетите ги вариме според упатството, ги плакнеме со ладна вода, ги оставаме да се исцедат.
2. Во тавче го ставаме путерот да се загрее, ги ставаме маринираните шампињони кои се исецкани на поголеми парчиња, ги запржуваме.
3. Потоа ги ставаме шпагетите, ги посолуваме и мешаме на потивок оган.
4. По малку време ја ставаме павлаката за готвење и мешаме. Додаваме малку кари и ситно рендан пармезан, чекаме да се згусне сето и тргаме на страна.
5. Ја ставаме исечканата марула, мешаме и служиме.
(518)