Салата со туна и авокадо
Состојки
- Состојки
- 200 гр цели парчиња туна од конзерва
- 200 гр авокадо (1 парче)
- 200 гр свежа краставица
- 150 гр млада рукола
- 1 младо кромитче
- 1 лимон (сок од лимонот)
- 4 лажици маслинов зејтин
- 1 лажичка сол
Подготовка
Едноставна, вкусна , богата салата и предлог за посни денови.
1. Руколата се мие и се цеди од течноста. Краставицата ја сечеме на парчиња. Авокадото го сечеме на парчиња. Туната ја цедиме од маслото. Кромитчето ситно го сецкаме.
2. Врз салатата цедиме сок од лимон, го додаваме маслиновиот зејтин, посолуваме, ја мешаме салатата и служиме.