Испечати

Паста со лосос и патлиџан

Паста со лосос и патлиџан

Состојки

  • 100 гр Шпагети
  • 300 гр Лосос
  • 100 мл Неутрална хопла(крем за готвење)
  • 2 Домати

Подготовка

1. Шпагетите сварете ги во солена вода.

2. Лососот исечете го на коцки и испржете го. Во тавата кај што се пржи лососот ставете неутрална хопла и доматот, варете 2 минути, па додајте сол, црн бибер и зачини по вкус.

3. Шпагетите додајте ги кај сосот и промешајте. На крај сервирајте во чинија.

Добар апетит!