Испечати

Шпагети со песто од тиквичка, магдонос, сирење и јогурт

Шпагети со песто од тиквичка, магдонос, сирење и јогурт

Состојки

  • 300гр шпагети
  • 1лажиче куркума
  • вода и сол за варење
  • Песто од тиквичка
  • 1 средна тиквичка
  • 1или 2 младо кромидче
  • 1 рака свеж магдонос
  • 3-4лажици младо сирење
  • 100-150мл јогурт
  • 1 лименка пелати,
  • Маслиново масло, сол, бибер, оригано

Подготовка

1. Во тенџере ставаме вода, сол, куркума. Од кога ќе зоврие водата ги ставаме шпагетите да се варат.

2. Во тава загреваме масло и ја додаваме излупената и на коцки исецкана тиквичка и кромидче. Пржиме да омекнат состојките. Оставаме да се излади

3. Во чашата на нутрибулет или може во процесор ги соединуваме изладената тиквичка, јогуртот, сирењето и магдоносот.
Соединуваме.

4. Шпагетите ги процедуваме и ги соединуваме со пестото. Ги сервираме на постела од пелати, зачинети со маслиново масло и оригано